Skip to main content

Образование

Поетски вознес на охридските гимназијалци, „Со збор кон непремолк“

Денеска средношколците од охридската гимназија, читаа поезија од големите македонски автори, но и свои творби.
 |  Голабовски Крсте  | 
Алескандар Ковачевски

Со поетските мисли преточени во убав збор, а прочитани од матурантот Александар Ковачески од охридската гимназија Св.Климент Охридски, започна денешното поетско читање, насловено „Со збор кон непремолк“. Негов омилен поет, неговиот професор по Македонски јазик и литература.

„Омилен македонски поет е професорот кој имав чест да ми предава Славе Ѓорго Димоски. Од странските поети не читам многу, повеќе ја сакам Македонската поезија. „Со читање поезија се занимавам уште од основно училиште, но повеќе се заинтересирав кога дојдов во гимназијата и станав дел од рецитаторската група и учествував на различни патронати, во општината итн“, – вели Александар Ковачески – IV 7 – ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Антонио Стаматоски, кој исто така е матурант во охридската гимназија, повеќе ја сака прозата, а читањето лектира му е задоволство.

„Го поминувам слободното време читајќи книги. Најмногу лектирите кои се од училиште, но и други книги. Прозата ја сакам повеќе“, – кажа Антонио Стаматоски – IV година – ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Матурантката Маја Наумоска, својата љубов кон поезијата ја открила кога го започнала средното училиште. Како средношколка вели таа, ја открила убавата македонска поезија. Кажува дека младите го рушат популарното мислење дека не ја разбираат поезијата.

„Сфатив дека имаме наша македонска убава поезија, која недоволно ја знаеме и која недоволно ја цениме.„Добро е тоа што со текот на времето младите се освестуваат на некој начин, па така, постои еден настан „Имам нешто да ти кажам“ каде читаат своја и туѓа поезија, орагнизирано од „Културолошка иницијатива 5 до 12“ кое ги поттикнува и поддржува младите да се развиваат на ова поле“, – подвлекува Маја Наумоска – IV година – ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Поетскиот вознес на талентираните гимназијалци денес се организираше во Општинското средно училиште Св.Климент Охридски “. Голем е бројот на телентирани гиманзијалци за поезија. Задача на професорите по Македонски јазик и литература е да ги откриваат и поттикнуваат да творат, вели професорот по Македонски јазик, Перчо Божиновски . Додава дека токму нивните поетски авторски творби се дел од денешниот настан.

„Талентот на гимназијалците, особено на матурантите, кој треба да го покажеме на останатите други ученици, изразувајќи го преку оние поетски песни коишто се во врвот на Македонската поезија, имињата како Гане Тодороски, Анте Поповски, Матеја Матевски, Ацо Шопов, Кочо Рацин, Блаже Коневски, поетот Славе Ѓорго Димовски и останатите песни кои ќе ги рецитираат учениците, всушност беше да се исполни една желба, но и да остане белег на оваа генерација којашто понатаму се надеваме ќе премине во традиција“, – посочува Перчо Божиновски – професор Македонски јазик и литература.

Пишаниот збор, посебно поезијата, мора да се негува, вели Божиновски, а интересот за реализација на овој убав настан, бил доказ сам по себе и за интересот кој пезијата веќе го има разбудено кај младите генерации на средношколци. Дел од творбите ќе бидат објавени и во ученичка збирка, која оваа година ќе се издава за прв пат, по повод 24 мај Денот на македонските и сесловенските просветители и учители Св.Кирил и Методиј.