Skip to main content

Марадона не е добредојден на жребањето за СП

Диего Марадона еден од 32 селектори кои со своите репрезентации изборија учество на СП  во Јужна Африка нема да присуствувна при ждребувањето на групите овој петок во Кејп Таун.

 |  Крсте Голабовски  | 
Maradona
Марадона

Диего Марадона еден од 32 селектори кои со своите репрезентации изборија учество на СП  во Јужна Африка нема да присуствувна при ждребувањето на групите овој петок во Кејп Таун.

MaradonaОд меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврдија дека најдобриот фудбалер на сите времиња претставува „персона нон грата“.
„Диего Марадона не се наоѓа на листата на акредитираните претставници на аргентинскиот фудбалски сојуз при ждребувањето на групите а не ни посакуваме да присуствува“ изјави во вторникот портпаролката на ФИФА Делиа Фишер.

Непријатната изјава доаѓа како последица на недоличното јавно однесување на аргентинскиот селектор после победата на неговата репрезентација во Уругвај (1-0), во последното коло на јужноамериканските квалификации. Со таа победа „гаучосите“ изборија настап на СП 2010 во последниот момент.

Заради неговиот примитивен јавен настап ФИФА го казни Марадона со двомесечна суспензија од селекторските должности како и со парична казна од 14.750 фунти. Суспензијата му истекува на 15 јануари идната година. Како последица на тоа нема право да ја претставува Аргентина на ждребувањето.

Спрема достапните информации на кои се повикува и британскиот Телеграф, Марадона сепак допатувал во Кејп Таун. Иако физички нема да биде присатен на самиот настан сепак барем географски нема да биде предалку.

{loadposition content9}