ОН предлагаат намалување на пластичниот отпад за 80 отсто до 2040-та
Земјите можат да го намалат загадувањето со пластика за 80 отсто до 2040 година со примена на постојната технологија и правење големи промени во политиките, се вели во новиот извештај на Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP).
Телото на ОН со седиште во Кенија објави анализа на политичките опции за справување со кризата со пластичниот отпад две недели пред земјите да се соберат во Париз на вториот круг разговори за да изготват глобален договор за елиминирање на пластичниот отпад
Извештајот се фокусира на три главни пазарни промени потребни за да се создаде „кружна“ економија што ќе ги одржува произведените предмети во оптек што е можно подолго: повторна употреба, рециклирање и префрлање на пакувањето од пластика на алтернативни материјали.