Skip to main content

Основен суд Тетово

15 месеци затвор за анестезиологот ТикТокер

Анестезиологот Дервиши беше обвинет за две кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.
 |  инфодеск  | 
Анестезиолог

Судот во Тетово му одреди казна затвор од една година и три месеци на анестезиологот Валтон Дервиши, кој снимаше и објави видеа на ТикТок со пациенти на одделението за Гинекологија во болницата во Тетово. На почетокот на судењето тој ја призна вината.

Дервиши беше обвинет за две кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“. Судот за првото дело му одреди казна затвор од една година, а за второто пет месеци или единствена казна затвор од една година и три месеци во која се смета и времето поминато во притвор.

Откако дервиши ја објави снимката, во средината на април, беше пријавен и приведен во полиција по што судија во претходна постапка му одреди мерка притвор. Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на седум години, што е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.