СВР Охрид
Приведен жител на Куратица кај кого била пронајдена марихуана
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 16.05.2023 во 14.25 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 23 годишен жител на охридското село Куратица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.


