Спортски празник за очи и душа
Шестотини првачиња од основните училишта од Охрид и Дебрца, денеска на СРЦ „Биљанини извори“, пред преполните трибини ја завршија најголемата детска трка во државава, „Детската трка Охрид Трчат 2023“. Ова е втора година по ред како овој спортски спектакл се одржува во организација на АК „Охрид ТрчаТ“. За подготовка на идните атлетичари име биле потребни само 5 минути.
Општините Охрид и Дебрца како и основните училишта се поддржувачи на овој настан. Настанот за отворен го прогалси градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, кој рече дека глетката која денес ја гледа тука, преставува вистински празник за очи и душа. Глетка која е доказ дека на Охрид му претстои светла спортска иднина.
„Не е важно кое место ќе завршите денеска. Поважно е да се биде посветен во себенадоградувањето. Важно е да се создадат пријателства, важно е да се поенсат убави спомени од денешниот настан. Упорноста, тренингот и посветеноста се клучот. Резултатот и пиедесталот доаѓаат како шлаг на тортата“, – кажа Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.
„Детската трка Охрид Трчат 2023“ е неформална трка каде сите првачиња истрачаа 100 метри поделени во групи по одделенија. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници сите идни атлетичари на возраст од 6 години. Но сепак, желбата за спортско достигнување ги донесе идните атлетичари, многу побрзо од договорениот термин.
„Прво дојдоа еден час порано. Јас верувам дека сите беа возбудени и дека и родителите исто така се возбудени. Бевме возбудени и ние, ги полниме батериите, бидејќи за две недели не чека „Охрид Трчат“ и верувајте нема поубав настан од ова позади мене што го правиме“, посочи Иван Цветкоски – АК „Охрид Трчат“.
Учеството на трката беше бесплатно , а за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбеди маица, медал финишер, вода и секако подароци од партнерите на детската трка.Паролата на Охрид трчаТ Детска трка е тркачко зелена, Run and Be GREEN.