Здравствената и енергетската криза, војната во Украина и инфлацијата, се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава. Токму поради овие влијаниjа, во светски рамки, недвижностите бележат голем раст.
За да се добие што пореална вредност, мора да се следат стандардите и меѓународните и европските, но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценувачи во Охрид.
„ Сите овие предизвици, промени имаат огромно влијание врз изразување на вредноста при проценките на проценувачите. Поради тие влијанија ние ги поканивме претседателот на Европската асоцијација , да ни помогнат не само да ги следиме стандардите, туку и измените на стандардите кои што се неминовни”, вели Валентина Младеновска претседателка на Комората на проценувачи на РМ.
Комората на проценувачи од земјава е членка во Европската асоцијација на проценувачи (TEGOVA) и во Советот за меѓународни стандарди за вреднување веќе околу 10 години.
„Има многу предизвици со кои се соочуваат проценувачите, но во Северна Македонија еден од клучните е како да се надминат прашањата поврзани со методологијата за проценување, јас ќе говорам за тоа.” – истакна Грзесик Крзустов, претседател на Европската асоцијација на проценувачи.
„Целта денес е да се зголеми свесноста за меѓународните стандарди за проценување и како тие да се интергираат во националните стандарди во Северна Македонија. Има многу предизвици, секој пазар е различен на секоја земја, има различни закони, но потребна е транспарентност и постојаност”, истакна Директорот за технички стандарди од Советот за меѓународни стандарди за вреднување (IVSC) Г-н Alexander Aronsohn
Предизвиците и примената на методите за вреднување во услови на нестабилни пазари е тема на 7-та Меѓународна конференција на проценувачи што деновиве се одржува во Охрид.
Новинар Соња Рилковска