Во Белчишта -Белчишко Блато, во понеделник ќе се одбележи 22 МаЈ – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.
На настанот свое обраќање ќе имаат Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија, Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца, Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Даниел Богнер, тим лидер на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,
Белчишкото Блато “Сини Вирој” е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000. Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.
Настанотпо повод Светскиот ден на биолошката разновидност е организиран во рамки на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“,финансиран од Европската Унија, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.