Дали Ферара ќе може да смета на Фелипе Мело и Фабио Гросо
Во сабота на 5 декември е дербито на италијанската Серија А. Водечкиот Интер му гостува на третопласираниот Јувентус во Торино.
Во сабота на 5 декември е дербито на италијанската Серија А. Водечкиот Интер му гостува на третопласираниот Јувентус во Торино.
Евентуалната победа на Интер додатно би ја намалила атрактивноста на првенството во понатамошниот дел со оглед на тоа дека Интер веќе сега има 7 бодови предност во однос на Милан и осум повеќе од Јувентус.
Домашните пак имаат проблеми и тоа не само со формата на играчите (ги загубија минатите две средбо со 2:0, од Бордо и Калјари). Прашање е дали за средбата со Интер тренерот Ферара ќе може да смета на двајцата стандардни првотомци Фелипе Мело и Фабио Гросо во средниот ред. Двајцата не тренираа во четвртокот. Првиот заради вироза а вториот заради проблеми со мускулот.
Од порано се вон игра и двајцата напаѓачи Винченцо Јакинта и Давид Трезеге иако Трезеге би можел да биде во тимот за дербито против Интер.
{loadposition content9}