Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава и суспензија за полицаецот што го удри со пендрек ракометарот Талески

Kривична пријава против полицискиот службеник е поради постоење сомневање за кривично дело „малтретирање во вршење на службата”, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.
 |  инфодеск  | 
Полицаец Талески Куп Охрид

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата”, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

„Пријавениот на 13.05.2023, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори” во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него. „ – информира портпаролот на СВР Стефан Димоски.

ОВККИПС, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.