На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата.
„Тој е предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.“- информираат од СВР Охрид.