Skip to main content

Blue Origin

Безос ќе превезува астронаути на Месечината

Проектот предводен од Blue Origin е вреден повеќе од седум милијарди долари.
 |  инфодеск  | 
наса

Blue Origin, вселенската агенција во сопственост на американскиот милијардер Џеф Безос, доби договор од НАСА за изградба на вселенско летало што ќе носи астронаути на површината на Месечината и назад, објави НАСА.

Проектот предводен од Blue Origin е вреден повеќе од седум милијарди долари.
Вложуваме дополнителни инвестиции во инфраструктурата што ќе го отвори патот за првото човечко слетување на Марс“, изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

„Нашите заеднички амбиции сега не се ништо помалку отколку кога претседателот [Џон Ф.] Кенеди предизвика генерација сонувачи да патуваат на Месечината.

Безос напиша на Твитер дека му е „чест што е на пат со НАСА да слетува астронаути на Месечината“.