Со вклучени сирени и дефиле низ улиците на градот, 20-ти мај Денот на пожарникарите денеска го одбележа Територијалната противпожарна единица од Охрид. Припадниците на единицата изведуваа и показни вежби.
Охридскиот Архив со стара фотографија која прикажува долготрајност на професијата пожарникар во градот Охрид го честита Денот на пожарникарите 20ти Мај, со почит за нивната пожртвуваност.
ТППЕ Охрид ја сочинуваат 38 пожарникари и располага со 7 противпожарни возила. Добар дел од возниот парк е застарен, но сите возила се технички исправни поради добро одржување и пожарникарите успеваат навремено да одговорат на задачите. Единицата лани доби теренско возило од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а во фаза на реализација е набавка на ново противпожарно возило со донација од Јапонската амбасада.
Во континуитет се работи на набавка на заштитна опрема за пожарникарите. ТППЕ Охрид има потреба од вработување на уште 10-тина пожарникари бидејќи охридската единица ја покрива и територијата на Општина Дебрца.