Руско-италијанска претседателска средба
Средба меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и италијанскиот премиер Силвио Берлускони ќе се одржи во четврток во Рим.
| Крсте Голабовски | Свет
Берлускони и Медведев
Средба меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и италијанскиот премиер Силвио Берлускони ќе се одржи во четврток во Рим.
На средбата се очекува да бидат разгледани односите меѓу Москва и Европската унија(ЕУ), но и со НАТО, а ќе се разговара и за иранската нуклеарна програма и европската безбедност.
„На дневниот ред се вклучени клучните прашања од светскиот дневен ред, проблематиката за формирање на нова архитектура за европска безбедност, тематиката за односите на Москва со ЕУ и НАТО, градењето на нова светска финансиска архитектура во услови на глобална економска криза, како и заемните односи меѓу Русија и Италија во форматите Г20 и Г8“, изјави помошникот на рускиот претседател Сергеј Приходко.

{loadposition content9}