Кошаркарите на Охрид и Вардар обезбедија прволигашки статут за следната сезона, а во големото финале за шампион на Втората лига, „вардарци” беа подобри од Охрид со 89:74 и славеа во финалниот меч кој се одигра во „Кале”.
Во натпреварот за третото место, Ангели беа подобри од Соколи со 77:63.
Од следната сезона ГКК Охрид ќе игра во Првата кошаркарска лига, а до место во „елитата” стигна во дуелот со Соколи од Штип, додека пак Вардар место во „елитата” обезбеди преку Ангели.