Skip to main content

Општина Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

„Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество.“ – стои во честитката на градоначалникот.
 |  инфодеск  | 
Градоначалник Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод Националниот ден на Власите со најискрени желби за личен просперитет и многу успеси.

Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество. Со нивниот интелект и визија оставаат траен печат во историјата и имаат значителен придонес во целокупниот развој на Република Македонија.

Преку денешниот празник оддаваме достојна почит и вреднување на нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на влашкиот јазик, култура и традиција.

Верувам дека и во иднина, во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување ќе продолжиме заеднички да креираме подобри услови за живеење и да обезбедиме просперитетна иднина за новите генерации на Охрид и целата држава.“ – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.