“Св. Кирил и Методиј“
Среда е неработен ден, набрзо уште еден продолжен викенд
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 мај е неработен ден за сите граѓани.
| инфодеск | Македонија
24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, е неработен за сите граѓани, согласно со Законот за празници.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј“.
Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците, 23 мај, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.
Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.
На 2-ри јуни православните го чествуваат Духовден кој се паѓа во петок, со што следува продолжен викенд.