Skip to main content

Едукативен центар на Црвен крст Охрид

Доделени сертификати на дечињата од пролетниот циклус на „Полетарче“

Оваа програма втора година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст.
 |  инфодеск  | 
Полетарче Црвен Крст

Со насмевки, игра, забава и дружење децата што ја следат програмата воедукативниот центар на Црвен крстОхрид, „Полетарче“го завршија пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште.

Оваа програма веќе втора година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата,да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

За успешно завршениот пролетен циклус, на пригодна свечаност, во присуство на родителите, на децата им беа поделени соодветни сертификати.
Новиот, есенски циклус на забавно-едукативната програма за деца од 3-5 годишна возраст во едукативниот центар на Црвен крст Охрид-Полетарчеќе започне во септември 2023.

А за оние повозрасните, првооделенцитекои оваа есен ја започнуваат школската година едукативниот центар на Црвен крст Охрид, Полетарче подготви посебна програма за подготовка на децата за во училиште преку која ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи прекукреативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за јазична и математичкаписменост и друго. Оваа програма од Црвен крст Охрид најавуваат за август 2023 г.