Skip to main content

СВР Охрид

Кривична за охриѓанец за бесправно градење

Овластен градежен инспектор извршил надзор и донел решение за отстранување на градбата.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64годишно лице Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

„Тој, на катарстарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција. На 01.03.2023, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата.“ – информираат од СВР Охрид.