Skip to main content

Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката

На 25мај започнува со работа мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи во Дебрца

Прегледите ќе се извршуваат на две локации во Општина Дебрца и тоа с. Белчишта и с. Требеништа. Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.
 |  инфодеск  | 
гинеколошки прегледи

Црвен крст Охрид во соработка со Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштвои  УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации овозможува работа на мобилна амбуланта во која ќе се вршат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од Општина Дебрца, со цел превенција од рак на грлото на матката.

„Ги известуваме и охрабруваме сите жени на територијата на  Општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број  046 286855 во Општина Дебрца или на тел бр 070 315 309 и 046 261 909 во Црвен крст Охрид за закажување на термин.“ – велат од Црвен крст Охрид.

Мобилната амбулантата започнува со работа на 25мај 2023 година, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите. Прегледите ќе се извршуваат на две локации во Општина Дебрца и тоа с. Белчишта и с. Требеништа.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи.

Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.