Skip to main content

Младински центар Охрид

Утре Саем на невладини организации во Охрид

Организации од граѓански сектор ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.
 |  инфодеск  | 
Саем на невладини

Младински Центар Охрид, на ден 24.05.2023 (среда) ќе организира настан, односно Саем на невладини организации од граѓански сектор кои ќе ги промовираат своите програми пред младите и граѓаните со цел промовирање волонтерски можности за летниот период.

„Ги повикуваме сите млади кои имаат желба да бидат активни на одредени настани кои самите ќе си ги одберат, да бидат активни на подолг период или пократок самите одлучуваат, да дојдат на саемот и да си одберат како ќе го поминат своето слободно време и ќе се надоградуваат како личности.“ – порачуваат од МЦО Охрид.

Настанот ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов (кај Александрија), од 11ч до 14ч.

На саемот ќе учествуваат: Младински Центар Охрид, Културолошка Иницијатива 5 до 12, Архрид, Енхелеус Лихнид, Охрид трчаТ, Охрид Ултра Треил, СупКлуб, Касарна Хаб, Црвен Крст Охрид.

Сите заинтересирани организации кои се од невладин сектор, а сакаат да учествуваат со свој штанд на саемот, можат да се пријават на тел.бр.: 078/413-946.