Ковачевски: Македонскиот јазик е рамноправен со сите останати јазици во ЕУ
Македонскиот јазик денес е рамноправен со сите останати јазици во ЕУ. Нашата јазична средина ја заштитивме, преку тешки, државнички, храбри одлуки како и што доликува на една одговорна Влада која го цени своето богато културно и историско минато.
Ова се дел од пораките на премиерот Димитар Ковачевски, на центрачната прослава по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј што свечено се одбележа во Светиклименотвиот храм на Плаошник во древниот Охрид.
„Нема повеќе внимателни формулации како до пред извесно време, на описно означување на нашиот македонски јазик, како: „јазик на македонската култура”, „јазик на македонската литература”, или „јазикот на Блаже Конески”, „јазикот на Матеја Матевски”, и слично. Успеавме и ние: денес македонскиот јазик е официјализиран, по Обединетите нации – и во Европската Унија. Добивме и формална потврда дека македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со сите други јазици што се зборуваат во Европската Унија, преку потпишаниот Договор за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија”, потпишан на македонски јазик, заедно со останатите официјални јазици на Европската Унија,- рече Ковачевски.
Покажавме дека сме достојни следбеници на сесловенските просветители, Кирил и Методиј, темелниците на европскиот интеркултурализам, кон што денес е насочена и целата современа, мултикултурна Европа. Македонскиот јазик опстојувал низ вековите, а преку него опстојуваме и ние, подвлече премиерот Ковачевски.
„Добивме и формална потврда дека македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со сите други јазици што се зборуваат во Европската Унија, преку потпишаниот Договор за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија, потпишан на македонски јазик, заедно со останатите официјални јазици на Европската Унија.И европското законодавство се преведува и на нашиот мајчин, македонски јазик.Денес јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери и претставници на меѓународната заедница, нашиот јазик е прецизно именуван како македонски јазик. Никој повеќе не може, на европските дебатни маси, да зборува во наше име.“- додаде Ковачевски.
На централната прослава на Плаошник под мотото „Писмото е нашиот универзум” присуствуваа највисоки државни претставници, голем број гости од политиката, науката и црквата.
Новинар Соња Рилковска