Гостивар како второпласиран во Втората македонска фудбалска лига по една деценија се врати во Првата македонска фудбалска лига.
Еден од најзаслужените фудбалери за овој успех на Гостивар дефинитивно е охриѓанецот Антонио Каланоски, кој со своите 25 гола на 23 одиграни натпревари го однесе Гостивар во „елитата”. 29-годишниот Каланоски кој е втор стрелец во Втората лига, веднаш за Бехар Фета од Воска Спорт, нема договор со Гостивар, односно истиот истече и сега тој е слободен. Доколку најавите за заминување се потврдат, тогаш Каланоски многу лесно ќе најде клуб, бидејќи интересот за него е голем.
Охриѓанецот во својата кариера покрај за Гостивар има настапувано и за Шкупи, Силекс, Беласица, Тетекс, Победа, Струга Трим Лум, Борец, Младост Царев Двор, Еуромилк ГЛ, Металург, Напредок, Локомотива и Охрид.