Skip to main content

Почина Тина Тарнер

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“
 |  инфодеск  | 
turner

Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер почина на 83 години, по долга болест. Тажната вест ја соопшти нејзиниот ПР тим. Кралицата на рокенролот зад себе остави безвременски хитови, а животот на оваа дива е неверојатна приказна која не можеше да се случи ниту на филм.

„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“ почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“, стои во соопштението.

Таа отсекогаш била препознатлива по своите неверојатно енергични настапи и нејзината голема способност да ја воодушеви публиката на уникатен начин, како што дотогаш не успеала ниту една жена од музичката сцена.

Тина Тарнер е родена во 1939 година во САД. Таа беше една од најпопуларните рок пејачки, позната по настапите во живо и големите хитови како што се: „The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“ i „What’s Love Got to do With It“.