Skip to main content

Општина Охрид

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за ДУП за с. Куратица

Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
 |  инфодеск  | 
општина Охрид

Општина Охрид,  на ден 19.05.2023г. донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички план за село Куратица.

Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за село Куратица, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид.
За планскиот документ Урбанистички план за село Куратица, Општина Охрид, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.

Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).

Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: www.ohrid.gov.mk

Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.