Skip to main content

Рекорден старт на каталонскиот гигант

Носителот на пет трофеи оваа година Барселона ја започна одбраната на титулата во Примера на извонреден начин.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Каталонскиот гигант успеа да направи рекорден старт во историјата на клубот со 33 освоени бода од 39 можни во првите 13 кола на Примера дивизијата. Каталонците го совладаа Депортиво Херес на гости со 2:0 и се одвоија со пет бода предност пред најблискиот конкурент Реал Мадрид но и со еден натпревар повеќе.

logoСпоред статистиката избраниците на Гвардиола имаат 10 победи и 3 ремија од 13 натпревари. Претходното најдобро постигнување на клубот беше од прошлата сезона кога Каталонците имаа 10 победи, 2 ремија и еден пораз во првите 13 кола на првенството. Каталонците лесно можеа да имаат и два бода повеќе но имаа несреќа да примат автогол од Пике во 93 минута на натпреварот во Памплона и со тоа загубија два бода.

Тренерот Гвардиола сепак инсистира да не се прават спооредби со минатата сезона заради ризикот се да биде загубено при крајот на првенството. Каталонците имаат само уште два натпревара до крајот на годината – во сабота на „Риасор“ против Депортиво Ла Коруња и по една недела на „Ноу Капм“ против каталонскиот ривал Еспањол.


{loadposition content9}