Skip to main content

Цена на електричната енергија

Од 1-ви јули повторно дневна евтина тарифа, а ДДВ за струјата се враќа на 18%

Во моментов не можеме да знаеме колкава ќе биде новата цена на струјата, таквата информација ќе се знае кон крајот на месец јуни, кажа вицепремиерот Битиќи.
 |  инфодеск  | 
Струја

Од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, вице премиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, кажа Битиќи, додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.

„Ние пред година и половина кога донесовме мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза и намалување на ДДВ, тогаш најавивме дека постепено ќе се врати затоа што не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна на Буџетот. Се прават последните анализи дали стапката ќе остане на 10% или ќе се врати на 18%, без притоа товарот да падне врз граѓаните.“, вели Битиќи.

Според него, во моментов не можеме да знаеме колкава ќе биде новата цена на струјата и дека таквата информација ќе се знае кон крајот на месец јуни. Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука.