Млади фудбалери од Охрид и Струга на финален турнир на ФФМ Детска лига
Од денес до недела на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе се играат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.
Турнирот започна денес , а ќе трае заклучно со недела во 13:30 часот. На ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).
Од Охрид ќе учествуваат екипите на ФК Некст Левел, ФК Евро Фудбал и ОСК Фер Плеј, како и Јанг Тим од Струга.
Ова е завршница на годишеното издание на Детската лига при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), каде свое учество зедоа 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8500 млади фудбалери, а меѓу нив и младите фудбалери од Охрид, кои имаат можност да се натпреваруваат секоја недела во рамки на своите региони.
Охрид и Струга спаѓаат во Југозападниот регион од Детската лига и важи за еден од регионите со најмногу активни екипи и фудбалери, токму затоа и младите фудбалер од Охрид и Струга ќе се борат за големото финале.


