Skip to main content

Матурантка од Охрид обесправена, ја нема на список за полагање државна матура

Матурантка од охридската гиманзија, поради административен пропуст, не полагаше матура. Ученичката го пропушта рокот за упис на факултет во Словенија., реагираат револтираните родители. Од Бирото за образование велат ученичката е обесправена, министерот најави дека ќе го испита случајот.
 |  инфодеск  | 
матура

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и беше ускратено правото да полага државна матура. Нејзиното име не беше на списокот  мегу 200 те матуранти од охридската гимназија Свети Клиемнт Охридски, па беше вратена дома.

 Таткото револтиран , вели поради превид на надлежните во  училиштето девојчето, кое е солиден ученик, нема да може да се запише на планираниот факултет за Физиотерапија во Словенија.

„Ќерка ми сакаше да студира во Љубљана сега тоа право и е спречено од толку агилната администрација и директорката во гимназија. Нека сноси некој одговорност нека види кој е виновен. Момичето моментално е под седативи дома”, вели Боби Силјаноски родител.

Се работи за административен пропуст од февруари, но никој до денес не алармирал. Случајот го пријавија до сите надлежни инспекторати, од каде велат дека ученичката е обесправена.

„Значи можам да кажам слободно дека тој ученик е обесправен. Констатирано е дека ученичката во моментот на давање на списокот не била присутна на училиште и не била потпишана во списокот за кандидати кои што треба да ја полагаат државната матура, но тоа не дава за право да ја нема на списокот за матура,што значи дека било кои претставници од педагошко-психолошката служба во училиштето, треба да сносат одговорност.„ вели Марјан Бошалески-советник во Биро за развој на образование подрачно одделение Охрид.

„ Мојата ќерка била оправдано отсутна од школо. Никој до ден днес не и кажал дека пријавата не е потпишана”, додава Силјаноски.

На Тијана и е ускратено и првото два пати да полага државна матура, таа ќе може само  еднаш и тоа во август. Министерот за образование најави дека ќе го испита случајот.

Новинар Соња Рилковска