Skip to main content

Нуркачки Центар АМФОРА од Охрид

„ОХРИД ЕКО 2023“ голема еколошка акција за чистење на езерото од цврст отпад

На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ.
 |  инфодеск  | 
Амфора

Во организација на Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст Отпад ,,ОХРИД ЕКО 2023,,

Акцијата се изведе на две локации: Извори Св Наум, Пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.

nurkaci Amfora

На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ, кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.

Otpad_dno_ezero

Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Amfora EKO akcija

„Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад. Со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел Вистинска заштита на Охридското Езеро.“- објаснува раководителот на АМФОРА Јован Секулоски Интернационален Инструктор Тренер.

Пд Амфора изразуваат голема благодарност до ЈП Комуналец Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го  транспортираат до депонија.

Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на Ресторан Острово Св Наум.