Skip to main content

УХМР

Претпладне сончево, попладне дожд

Минималната температура до 11 стеепни, а максималната дневна до 22 степени целзијусови.
 |  инфодеск  | 
Ohrid kej foto Gjoko Simjanoski

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Охрид претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со услови за дожд. Минималната температура до 11 степени, а максималната дневна до 22 степени целзијусови.

Влијанието на циклонската активност од југозапад ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне променливо облачно на места со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.