Спасена мечка фатена во стапица во НП Пелистер
Во близина на манастирот св. Петка под пелистерското село Брајчино туристи забележале и пријавиле дека има фатена мечка во стапица. Со цел овај заштитен дивеч да биди ослободен, од полиција биле повикани ветеринарни екипи.
„Перо Стојчевски и Александар Алексов, ветеринари од Битола и Ресен, заедно со планинскиот спасувач Петар Нолев, веднаш се упатија на лице место каде со пушка за успивање и соодветна анестезија ја успија мечката. Следуваше третирање на раните, се стави ушна маркица, потоа беше ослободена во природа.“ – информираа од НП Пелистер.
На ветеринарниот доктор од Ресен ова му е второ спасување на мечка. Граѓани на објавата за спасување на мечката реагираа да се испита кој поставува стапици , посебно во национален парк.
„Мечката во Република Македонија е со закон заштитена, така да секое поставувањ на замки или стапици за нејзино фаќање преставува и соодветно казниво дело кое треба како такво да се третира.“ – е една од реакциите на Фејсбук.