Skip to main content

Локална самоуправа

Старт на годината со загуба кај повеќето јавни претпријатија

Охридските јавни претпријатија сеуште се финансиски нестабилни и покрај зголемувањето на цената на услугите кај некои од нив.
 |  Голабовски Крсте  | 
Паркинзи

Четири од шестте јавни претпријатија во градов, во извештаите за работењето во првиот квартал од годинава пријавија загуба. Иако со зголемувањето на цените на услугите, кај некои од нив се чувствува подобрување на состојбата, сеуште се финансиски нестабилни, велат опозиционерите во градскиот совет. Кај ЈП Охридски Комуналец, Градски гробишта, Билјанини извори и Градски пазар, проблем се и големиот број нови вработувања. Не само на определено и неопределено време, туку посебно загрижуваат и т.н. вработувања за итни и неодложни работи, посочува координаторот на советничката група на СДСМ, Живка Ангеловска.

„Не зборувам само на оние на определено и неопределено време, туку посебно загрижуваат вработувањата за итни и неодложни работи. Ги има многу во сите јавни претпријатија. Чинам дека во „Градски гробишта“, беа десеттина“, – кажа Живка Ангеловска – координатор советничка група СДСМ.

Ангеловска како посебни примери за голем број нови вработувања ги посочи ЈП „Билјанини извори“, каде има 20 нови вработувања, и 50 во „Охридски Комуналец“. За прв пат ЈП „Нискорадба“ првиот квартал од годината го завршува со загуба од околу еден милион денари. ЈП „Билјанини извори“ кое и покрај изгласаните зголемувања на цените на речиси сите услуги, пријавило загуба од околу 2 милиони денари, од кои најголем дел се за ставката „техничко инвестиционо одржување“, 1.2 милиони денари. Ангеловска запраша што точно значат трошоците по оваа ставка. Првиот човек на „Билјанини извори“, Теодор Андоноски со објаснување дека покрај за електричната енергија во Спортско рекреативниот центар најголем трошок е и водата. Андoновски со објаснување дека трошоците по оваа ставка се за инвестиција за решавање на овој проблем.

„Конкретно за техничко инвестиционо одржување“, направено е испитување на СРЦ за бушотини за вода. 1.2 милиони денари се за испитување на вода на територијата на цел центар. Дополнително ќе видите и трошоци за изведба на сопствен систем за водоснабдување, со средства од самото претпријатие. Сега гледаме каде се инвестираат средствата“, – обасјни Теодор Андоновски – в.д. директор ЈП „Билјанини извори“.

Претседателот на советот Сашо Донев во одбрана на инвестицијата на претпријатието, објаснувајќи дека треба да се поддржи и дека треба да претставува пример за другите .Со неа, рече Донев ќе се намали и трошокот за вода и за струја. Долгот на „Билјанини извори“ кон ЈП „Водовод“ е околу 20 милиони денари или 3 милиони денари годишно. Нема потреба со вода за пиење да се наводнуваат терените, рече Донев.

„Гледај ти да ја завршиш работава, бидејќи нити Водовод има наплатено пари од тебе, нити Нискоградба, ниту Колектор. То се фактури фрлени во вода и само давате пари за даноци на УЈП“, – вели Донев.

Андоноски за зголемувањето на цените за паркинг во премиум зоната, објасни дека на сила стапиле од април и дека не се пресметани во извештајот за првиот квартал. Од ЈП „Водовод“ в.д Марјан Ристески кажа дека со субвенцинираната цена на електричната енергија, во провто тримесечје, долгот на претпријатието е намален за десет милиони денари, од 13, на 3 милиони денари, но допрва доаѓа период кога трошоците на електрична енергија на претпријатието се најголеми. Затоа апелира дека потребно е системско решение. На последната 27-ма седница на советот на Општина Охрид, беа изгласани извештаите за работата на јавните претпријатија во првите три месеци од годинава.