Skip to main content

Женски Центар Бисера од Охрид

Постари лица готвеа традиционални јадења и се дружеа во организација на ЖЦ Бисера

Активноста ја организираше Женски Центар Бисера од Охрид, во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.
 |  инфодеск  | 
женски центар Бисера

Охриѓанки во третото доба викендов готвеа и презентираа здрави рецепти за традиционални јадења. Питулици, комат, разни пити и макала, качамак и старински торти беа направени и послужени од вредните раце на жените во постара возраст кои потоа се дружеа на богата трпеза.

Активноста ја организираше Женски Центар Бисера од Охрид, во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.

Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи” е на   Локалната агенција за развој од Струга, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.