Skip to main content

УХМР

Претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со дожд

Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен целзијусов.
 |  инфодеск  | 
Охридско Езеро
hdr

Времето денеска во Македонија претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со дожд, грмежи, засилен ветер. Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен целзијусов.

Влијанието на циклонската активност од југоисток ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.