Skip to main content

Гран при турнир во Зворник, Босна и Херцеговина

39 медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Зворник

Oхридските и струшките клубови на гран при турнирот во Зворник се покажаа во најсилно светло, освојувајќи најмногу медали.
 |  инфодеск  | 
Таеквон-до Федерација

Грст медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, од гран при турнирот во Зворник, Босна и Херцеговина. Нашата федерација учествуваше со повеќе од четириесет претставници, а охридските и струшките клубови се покажаа во најсилно светло, освојувајќи најмногу медали.

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, изминатиов викенд , учествуваше на еден од најсилните и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона ,Меѓународниот Таеквон-до ИТФ  А класа натпревар  “ГРАН ПРИ Зворник 2023” , во БиХ. На натпреварот нашата федерација учествиуваше со 44 луѓе, од кои 33 натпреварувачи, 2 судии, 6 тренери и 3 официјални лица. Натпреварувачите кои не претставуваа беа од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга, Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид,Таеквон-до  клуб АХИЛИУС Скопје, Таеквон-до  клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид.  

На овај престижен натпревар учествуваа околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји ширум Европа, од  Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија, со своите најдобри поединци за тестирање за наредното светско првенство кое ќе се одржи крајот на август месец во Астана , Казакхстан.

Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската Традициоонална таеквондо федерација пријатно изненаден од нашите натпреварувачи од сите клубови кои учествуваа, посебно изненадување приредиле дебитантите кој имаа 8 години, Ѓорески Теодор од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 к и  Јосифоски Димитар од Таеквон-до  клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид освојувајќи сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Лазаревски го искажа и задоволството од работата на тренерите, судиите и официјланите лица ,кои најпрофесионално ги извршиле своите обврски. Наредниот во скратен состав федерацијата учествува на уште еден престижен А класa натпревар “Софија опен 2023”, а после тоа следуваат подготовките за организирање Меѓународен Таеквон-до ИТФ  натпревар “Охрид Опен 2023” по сите европски стандарди.

Вкупно освоени се 39 медали, од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзени медали.

Освоени медали по клубови

Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга

-3 златни, 2 бронзени

Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ Косел Охрид

-1 сребрен, 1 бронзен

Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид

-2 златни ,2 бронзени

Таеквон-до  клуб АХИЛИУС Скопје

-1 златен , 1  сребрен, 2 бронзени

Таеквон-до  клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид 

 -4  златни, 6  сребрени, 14 бронзени