Skip to main content

Советот на женско претприемништво во Охрид

Економско јакнење на жените

Засилено се работи на економско јакнење на жените во градот. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Жените во општеството имаат голем, сѐ уште неискористен потенцијал. Истражувањата покажуваат дека жените ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини, како што се: тимска работа, иновативност и решавање на проблеми.
 |  инфодеск  | 
совет претприемништво

Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Се поголем е интересот кај жените од регионот, кои  присуствуваат на обуки и  работилници за едукација, поддршка и помош на женските бизниси.

Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Жените денес  имаат голем, сѐ уште неискористен потенцијал. Истражувањата покажуваат дека тие ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини, како што се: тимска работа, иновативност и решавање на проблеми.

„Ние не ја вадиме жената од домот како мајка, како сопруга, како жена домаќинка. Ние само и помагаме економски да зајакне, да може да плати услуга. Секој со своето образование да си најде работно место, да ги искаже своите креативни можности и способности. А сите што имаат нови идеи ние планираме и клуб на жени претприемачи да направиме, клуб за млади претприемачи, знаете секој во возраста најдобро се разбира”, вели Сузана Наумоска претседател на Советот на жени претприемачи Охрид. 

Во тек е изработка на Стратегија за женско препримништво, документ на локално ниво чија цел јакнење и поттик на жените претприемачи  во градот.  

„Во моментот се прави свот анализа за женското прептримеништво во сите сектори од занаетчиство, потенцијални млади жени претприемачи, рурални жени, жени во здравство, адвокати, нотари, доел, трговци поединци, секаде каде што може жената да биде присутна. После оваа анализа во подготовка е стратегијата, во завршна фаза на општина Охрид, се работи интензивно, на која работат жени волонтери од Охрид, што ми е псоебно задоволство”, вели Наумоска. 

Жените претприемачи ја претставуваат најбрзо-растечката категорија на претприемништво на глобално ниво и значително придонесуваат за создавање на нови работни места, зголемување на БДП и економски развој. Основањето на сопствен бизнис е важен извор на лични приходи, вработување, иновации и економски раст.

Новинар Соња Рилковска