Skip to main content

Светски ден за подигнување на јавната свест за мултипла склероза

Градоначалникот Пецаков со поддршка на лицата со мултипла склероза

Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица
 |  инфодеск  | 
Пецаков поддршка Ден на МС

Во знак на поддршка на повеќе од 1500 лица во Македонија, кои се соочуваат со мултипла склероза – хроничнa болест со илјада лица, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се вклучи во кампањата по повод Светскиот ден на МС.

Инспириран од симболот на знаковен јазик за зборот „заедно“, MS Heart е симбол на солидарност за сите погодени од мултипла склероза.

• Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација

• Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други

• Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица

• Повеќето лица со мултипла склероза се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 годишна возраст, односно во најпродуктивните години од животот.