По историската сезона и влезот во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт остана без тренер, откако Берат Имери и новиот охридски второлигаш не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
„По неколку дена разговори, не можевме да најдеме заеднички јазик, па решивме да се разделиме. По тој повод Воска Спорт му се заблагодарува на тренерот Берат Имери за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим, посакувајќи му прво добро здравје и многу успех во тренерската кариера. Веруваме дека еден ден нашите патишта може повторно да се вкрстат. Со Имери го постигнавме најголемиот успех во историјата, влезот во Првата лигата, каде ќе продолжиме со нов тренер, за кого ќе ве известиме во наредните денови”, велат од Воска Спорт.
Воска Спорт за првпат ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, а во следните денови ќе биде познато кој ќе биде нов шеф на стручниот штаб.