Со свечена академија ОСУ „Св Кирил и Методиј“ Охрид го одбележа патрониот празник.
Овогодинешниот патронат училиштето го посвети на македонскиот великан и лиричар Ацо Шопов бидејќи оваа година се прославува 100-годишнината од неговото раѓање.
Ацо Шопов е човек кој е еден од основоположниците на современата македонска поезија оставајќи белег во македонската книжевна наука и потврда за македонскиот идентитет, поет-познавач на човековата душа и гласен говорник на емоциите кои произлегуваат од неа. Нашите ученици, преку неговите стихови одговорија на неговото „Чуму ни се поетите и уметноста“.
„Креативноста и мотивацијата за личен развој на учениците и професорите како дел од автентичноста на секоја личност не беше изоставена и за промоција на нашето училиште оваа учебна 2022/2023 година.“ – велат од ОСУ „Св Кирил и Методиј“.
Програмата беше збогатена со музичкиот перформанс на хорот и оркестарот на училиштето и музичката изведба на ученичката Марија Младеноска.