Општина Дебрца ќе додели по 5.000 денари на секој полуматурант
Советот на општината на вчерашната 20 та седница ја дополни Годишната програма за развој на образованието за 2023 година со уште една мерка-еднократна финансиска поддршка за учениците од завршните одделенија на основното образование/полуматурантите, со која општината ќе додели по 5.000 денари на секој ученик кој го завршува основното образование.
Исто така, до крајот на учебната година ќе бидат реализирани и другите мерки за учениците и тоа:
-доделување парична награда за првенец на генерација и ученици на генерација,
-доделување на парични награди на сите ученици кои учествувале и освоиле награди на државни натпревари,
-исплата на ученичките стипендии за учениците од средното образование.
-исплата на студентските стипендии.
Општината континуирано практикува мерки за мотивирање на учениците за постигнување подобри резултати и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, вели градоначалникот Зоран Ногачески.


