Советот на ЕУ одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел треба да го дефинираат заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел треба да го дефинираат заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.
Иако повеќето од земјите од ЕУ поддржуваат старт на преговорите, шансите за одредување датум се мали поради условувањето на Грција со претходно затворање на спорот за името. Не е исклучено, конечната одлука министрите за надворешни работи да им ја остават на шефовите на држави и влади на Самитот на 10 и 11 декември.
Според последните информации од Брисел, во неможност да се постигне консензус за отворање на преговорите со Македонија, најреална опција во моментов е одложување на одредувањето датум, со што би се избегнале непријатните последици од евентуалното грчко вето. Замислата е да се констатира и да се поздрави прогресот што Македонија го направи и да се порача дека во иднина треба да биде одреден датумот за почеток на преговори.
Можно е во заклучоците да стои и препорака до Македонија и Грција поинтензивно да се осврнат кон решавањето на проблемот со името.
Тоа би значело дека датум за преговори за Република Македонија би можел да биде одреден на еден од наредните самити на Советот на ЕУ наредната година.
Самит на Советот на Евроската унија се организира квартално. Првиот во 2010 година е закажан за март.
{loadposition content9}