На 31.05.2023 во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители” со улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 54 годишен жител на Охрид.
„Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.