Skip to main content

Заштита на Охридско Езеро

Кај Тушемишта не се градело, се чистел теренот, дознала министерката Шукова

Информацијата министерката за животна средина и просторно планирање ја добила неофицијално.
 |  инфодеск  | 
Поградец

На брегот од Охридското езеро кај Тушемишта не се градело туку се расчистувал теренот, ова е објаснувањето од Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со алармирањето од недвладини и медиуми дека градежна механизација бетонира во водите на езерото на албанска страна. Информацијата ја добила неофицијално.

„Неофицијално дознавме дека не се работи за изградба на пристаниште или марина, како што се зборуваше во јавноста. Се работи на расчистување на теренот и нема никаква реакција од УНЕСКО во моментот, бидејќи нема градба на таков вид на објект. Мислам дека се беше тоа, барем досега во делот на шпекулациите.“ – изјави денеска Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

За разлика од неофицијалните информации кои ги има македонската министерка, албанскиот премиер Еди Рама, на 20ти мај, официјално објави дека во тек е изградба на шеталиште кое почнува од мостот Дрилон, поминува до изворите на Загорчан и стигнува до царинската точка Тушемиште. Во објавата приложени се и фотографии од зафатите и нацрти на кои се гледа како треба да изгледа просторот по 12 месеци и меѓудругото има и нацрт на пристаниште.

За градежните зафати во Поградец реакција имаше од граѓанската платформа Охрид СОС.

Рама не се секира за УНЕСКО, багери работат на „ренесансата на Поградец“ | Портал ТВМ (tvm.mk)

По реакциите, за време на посетата на Општина Дебрца во рамки на одбележувањето на Денот на биолошката разновидност, министерката Шукова изјави дека официјално не биле известени за тоа што се случува на албанска страна на езерото, но додаде дека треба да се иницира комуникација од наша страна и да се реагира.

Шукова очекува реакција од УНЕСКО за градењето кај Тушемиште | Портал ТВМ (tvm.mk)