Skip to main content

Општина Охрид

Одлука за стратегиска оцена на влијание врз животна средина на план за пречистителна станица во Трпејца

Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е 1.6 во село Трпејца, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .

Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ се определуваат Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид

За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е 1.6 во село Трпејца, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина.

Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).

Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: ohrid.gov.mk

Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Одлуката е објавена ТУКА.