Младинско учество и младински политики
Верифицирани мандатите на новите членови на Локалното собрание на млади
Собранието донесе одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.
Во големата сала на Општина Охрид, вчера се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација на мандатот на пријавените делегати и заменици делегати во Локалното младинско собрание по претходно објавен јавен повик.
Согласно дневниот ред, членовите на собранието донесоа и одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.


