Античкиот театар, културниот бренд на градот Охрид доби нова дрвена конструкција, безбедна и функционална за бројните посетители. После две децении од повторното ставање во функција на овој локалитет НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид изврши комплетна промена на дрвената конструкција.
Демонтажата на старата и дотраена конструкција започна во средината на април поради што просторот беше затворен заради безбедност на посетителите.