Во Македонија денеска времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринската температура до 12 степени, а максималната дневна до 22 степени целзијусови.
Во следните неколку денови во Македонија во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.