Утре во централното градско подрачје на Охрид времено ќе биде на сила изменет режим на сообраќај поради одржувањето на спортската манифестација Охрид трчаТ 2023.
Улици кои ќе бидат затворени за сообраќај од 8 часот до 11: 30 часот поради трките на 5К, 21К и 21К Relay се: Кеј Македонија, Македонски Просветители, Партизанска, Јане Сандански, Димитар Влахов, Бул Туристичка, Абас Емин, Кирил и Методиј, Илинденска, Коста Абраш, патека Студенчишта и ул. Св Наум Охридски.
Организаторите апелираат до граѓаните возилата да ги паркираат на соодветни места од кадешто ќе можат да ги користат доколку имаат потреба во посочениот временски интервал и да ги почитуваат поставената сигнализација и насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција.
„Ве молиме вашите возила да ги паркирате на соодветни места пред утрото на 04.06. бидејќи во спротивно доколку истото не е паркирано согласно сообраќајните насоки и препораки ќе бидеме приморани истото да го дислоцираме во соработка со полицијата и пајак службата“ – информираат организаторите.
Како алтернативни паркинг простори организаторите ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, позади Центарот за култура „Григор Прличев“, како и просторот кај поранешниот спортски полигон.
„Сите охриѓани и сите кои ќе сте утре во Охрид ќе Ве замолиме да го почитувате, кога мојТ за многумина зошто да не мојТ и за нас охриѓаните, тркачите од 28 држави, охридските деца да ни се празни улиците, за да си истрчаме, забавуваме и уживаме во Охрид без возила.“ – велат организаторите на Охрид трчаТ.