Skip to main content

УХМР

Претпладне сончево, попладне услови за дожд

Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23-тиот степен.
 |  инфодеск  | 
trski Ohridsko ezero foto: Gjoko Simjanoski

Во Македонија денеска времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со услови за дожд. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23-тиот степен.

Во текот на следната седмица претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.